
На 19.08.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” со ул.„Ленинова” во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(39) од Скопје и мотоцикл „јамаха” со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

