Skip to main content
Балкан

Словенија купува три илјади ракети „воздух-земја“

19/08/2026  17:58

Словенија ќе набави три илјади ракети „воздух-земја“ за потребите на своите вооружени сили, а испораката е планирана во 2028 и 2029 година, соопшти словенечкото Министерство за одбрана.

Првите 1.500 ракети треба да бидат испорачани во 2028 година, а останатите една година подоцна.

Ракетите со дострел до три илјади метри ќе се користат за непосредна огнена поддршка на копнените сили на словенечката армија и на сојузничките сили, како и за обука на пилоти и на контролори на здружената одбрана.

Вредноста на набавката засега не е позната, бидејќи постапката за јавна набавка е во тек. Министерството наведе дека средствата се веќе предвидени во финансиските планови за 2028 и 2029 година.

Словенечкото Министерство за одбрана нагласи дека набавката не е директно поврзана со обврската на земјата кон НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана на два процента од БДП, туку станува збор за редовно обновување на постојните залихи муниција.