Skip to main content
Хроника

15годишник од Кичево со мопед удрил и повредил велосипедист

19/08/2026  14:57

На 18.08.2026 во 18:10 часот, на улица „Влашки пат” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево.

Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.