Skip to main content
Хроника

Ужас во Градско: Десетгодишно дете удрено од автомобил, возачот избегал

19/08/2026  14:28

На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски” во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.