
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји.
Значаен дел од разговорот беше посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и регионот, имајќи ја предвид важноста на стабилноста и општествената кохезија за европската перспектива на регионот. Во таа насока, беше истакната потребата од континуирана соработка и размена на искуства со меѓународните партнери, со цел зајакнување на институциите, меѓуетничките односи и придонесот кон регионалната безбедност и стабилност.
Министерот Ферати и амбасадорот Лосон разговараа и за британската програма G2G, со посебен фокус на вклучувањето на младите и развојот на нивните вештини. Беше оценета важноста од создавање можности за младите преку програми кои ги развиваат нивните вештини во областа на претприемништвото, комуникацијата и лидерството, подготвувајќи ги за поактивна улога во економскиот и општествениот развој на земјата.


