Советот за безбедност на ОН месецов ќе расправа за Украина

Состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина ќе се одржи на 22 септември на министерско ниво, што значи дека ќе бидат поканети министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба, изјави постојаниот претставник на Франција во ОН Никола де Ривиер.

– Тоа е министерски состанок за Украина. Така што ќе бидат поканети сите министри на Советот за безбедност. Со оглед да на тоа што состанокот е за Украина, ќе биде поканет и шефот на украинската дипломатија, изјави постојаниот претставник на Франција, земја која месецов претседава со Советот за безбедност на ОН.

Состанокот ќе се одржи на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина”.

Треба да знаете
Последни објави