Skip to main content
Uncategorized

Малолетник удрен од автомобил во Скопје, возачот побегнал од местото на несреќата

11/08/2026  15:01

На 10.08.2026 во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи” во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото и возачот.