Skip to main content
Македонија

Изгоре противпожарен камион, двајца пожарникари повредени

07/08/2026  21:24

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струга, при што бил избегнат многу посериозен инцидент.

Во несреќата се повредени двајца пожарникари, кои биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. Нив денеска ги посети градоначалникот на Струга, Менди Ќура, кој им посака брзо закрепнување.

Иако материјалната штета на возилото е значителна, најважно е што нема потешки последици по човечките животи. Противпожарните екипи и понатаму остануваат на терен во справувањето со пожарите.