Skip to main content
Хроника

Татко го турнал 19-годишниот син по скали, момчето завршило со тешки телесни повреди

07/08/2026  15:07

На 06.08.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.