Skip to main content
Хроника

Трагедија во Скопје, 19 годишно момче загина во сообраќајка

07/08/2026  14:28

Едно лице загинаво сообраќајна несреќа што пред малку се случи во скопската општина Бутел.

„Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“ информираат од МВР.

Екипи на полицијата се уште се на терен каде што се врши увид, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.