Skip to main content
Хроника

Верижен судир на патот Прилеп – Битола, повредени осум лица

05/08/2026  14:21

Верижен судир се случил утрово на патот Прилеп – Битола во која се повредени осум лица меѓу нив и двајца државјани на Србија.

Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила.

Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во битолската Клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола.