
Во градот Газа денеска се одржа масовен погреб за 112 Палестинци, чии тела беа пронајдени речиси три години откако при израелски напад беше уништен станбен блок.
Неколку стотици луѓе се собраа на церемонија каде што телата, завиткани во палестински знамиња, беа положени во редови во близина на уништените згради, а потоа беа однесени на блиските гробишта.
При израелски напад на 22 ноември 2023 година врз населбата Сабра во градот Газа беа убиени повеќе од 300 лица.
Екипите за итни случаи ги пронајдоа телата во текот на викендот откако 136 часа ги бараа починатите. Меѓу телата има 40 деца, 30 жени и седум лица со попреченост, а уште 157 лица се водат како исчезнати, соопшти Цивилната одбрана во Појасот Газа.
Палестинските здравствени службеници проценуваат дека уште 7.400 лица се водат како исчезнати или заробени во урнатините од бројни израелски напади.


