Skip to main content
Свет

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет

03/08/2026  09:04

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри.

Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро.

Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а Министерството за здравство ги ставило сите болници во состојба на максимална подготвеност.