Skip to main content
Балкан

Вучиќ: Ќе има значајно покачување на платите и пензиите

01/08/2026  13:13

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за време на посетата на селото Темска кај Пирот дека во наредниот период ќе има значително зголемување на пензиите, платите во јавниот сектор и минималната плата.

„Да им соопштам добри вести на оние кои се постари: ќе има значително зголемување на пензиите, не само она што ќе го добивате еднаш месечно, туку ќе има значително зголемување на пензиите, ќе има значително зголемување на платите во јавниот сектор, ќе има значително зголемување на минималната плата. Немаме проблеми со јавниот долг, ние сме земја со ниски долгови“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека најголемиот предизвик е намалувањето на населението и недостатокот на деца во одредени области.

„За 10 години изгубивме речиси 500.000 луѓе затоа што немаме деца“, рече Вучиќ, додавајќи дека оваа година во Пирот е регистриран поголем број новороденчиња отколку претходната година.