Skip to main content
Македонија

СДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија – за граѓаните македонски планини и езера

01/08/2026  10:52

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија” во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел.


На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија.


На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана.


Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ.


Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско. 

Тогаш не може да се заканува на неистомислениците.


Не може да се ослободуваат криминалци како Латас и Груевски.


Не може да се враќа имот стекнат преку криминал – како Белата палата.


Мицкоски не го боли главата.


Цела ВМРО-ОКГ си обезбеди бугарски државјанства и ЕУ пасоши,  за себе и за своите семејства.


Тие не чекаат на граница.


Тие поминуваат преку посебен ЕУ премин.


Имаат и фирми во ЕУ, во Бугарија.


Мицкоски, бидејќи го болат колената од клечење уште од кампањата кога ветуваше сè и сешто и молеше за власт, лета со државниот авион.


Тој воопшто не ги чувствува проблемите на Македонија како слепо црево на Балканот и во Европа.


Додека на граѓаните им порачува езера и планини, тие одат на луксузни дестинации.


Белгија е една од поскапите земји во ЕУ, но тоа не е проблем. Мицкоски и неговите тендер-патриоти можат да си го дозволат тоа.


Кога може само за часовник од колекцијата да даде 65.000 евра,  зошто не би можел и една „екскурзија”?

А ти, народе македонски, гледај во празниот фрижидер и крпи крај со крај.


Мицкоски е повторно – горд.