Skip to main content
Хроника

Девојка голтнала хероин кога забележале полициска патрола, завршила на Токсикологија

30/07/2026  17:27

СВР Штип поднесе кривична пријава против три лица поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Кривичната пријава е поднесена против Н.А. (25) и Р.Ј. (27), двајцата од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци.

Според информациите од МВР, случајот се случил на 30 мај 2026 година на наплатната рампа кај Кадрифаково.

Откако пријавените забележале полициска патрола, 22-годишната девојка од Кавадарци голтнала поголема количина хероин.

Таа била однесена на Универзитетската клиника за токсикологија, каде што при извршените испитувања било потврдено присуство на поголема количина хероин во нејзиниот организам.

По документирањето на случајот, СВР Штип поднесе кривична пријава против трите лица.