
На 29.07.2026 во 15:37 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски”, бул.„1 Мај” и ул.„Јане Сандански” во Битола, патничко возило „киа” со холандски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната У.М. од Украина, со привремен престој во Битола, удрило во 55-годишниот Д.В. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

