
Директорот на руската компанија за развој на дронови, Андреј Черезов, е хоспитализиран денеска по вооружен напад во Тула, кој истражителите го третираат како обид за атентат, јавуваат руските медиуми.
Черезов, раководител на компанија која развива беспилотни летала, беше нападнат во Тула, град на околу 190 километри јужно од Москва.
Според рускиот портал Меш, непознат напаѓач го чекал Черезов на скалите од зградата и испукал три куршуми кон него.
Напаѓачот избегал од местото на настанот, а полицијата започнала потрага по него.
Официјалните информации за здравствената состојба на Черезов засега не се објавени.

