Судир на полициско возило со „сеат алтеа“ во Аеродором

Полицајци направија сообраќајка на крстосницата близу крстот во Аеродром. Тие со службено возило се судрија во возило марка „сеат алтеа“.

Засега е познато дека е причинета поголема материјална штета, но нема информации за повредени лица.

Крстосницата е делумно затворена за сообраќај. Увид прават екипи на МВР. Парчиња од автомобилите има и на булеварот.

Причините како дошло до сообраќајката, засега не се познати.

Треба да знаете
Последни објави