Skip to main content
Хроника

Падна 23-годишник во полициска акција во Скопје – пронајдена поголема количина кокаин

26/07/2026  23:25

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска извршиле претрес во дом и други простории кај 23-годишниот С.Б. од скопското село Брест.

Како што информираат од полицијата, при претресот била пронајдена поголема количина кокаин.

С.Б. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба.

Од МВР посочуваат дека случајот се документира, а по неговото целосно расчистување против 23-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.