Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрага

23/07/2026  20:59

Соопштение на СДСМ:

Маѓар јасно посочи да постои сомнеж дека парите наменети за поддршка на унгарски фирми биле искористени за јакнење на политички сојузник.

Истрагата е веќе предадена на полиција.

Додека во Унгарија почнуваат да испитуваат каде завршиле парите и зошто Мицкоски добил пари, кај нас премиерот отвора базен.

Ова е совршена слика на две години владеење на организираната криминална група ВМРО:

•  На една страна – истраги, сомнежи за злоупотреба и политички мотивирани кредити.

•  На друга страна – базени, ленти и фотографии за домашни потреби.

Мицкоски и неговите соработници со години се фалеа со „стратешкото партнерство” со Орбан. 

ВМРО преку Орбан контролира околу 40% од медиумите во Македонија, а тука е и 4iG како мобилен оператор, чија инфраструктура ќе се користи за дистрибуција на медиумски содржини.

Сега, кога Орбан падна, почнуваат истрагите. А тие, наместо одговори, продолжуваат со претстави.

Граѓаните треба да знаат: додека тие се дават во економска криза и во загадена вода, Мицкоски отвора базен а во Унгарија веќе проверуваат колку тој базен, и многу други работи, навистина чинеле.