
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Органите не работат според чувствата на СДС и Филипче, туку според факти и докази.
А фактите говорат тројца приведени за труењето со водата, детална анализа за тоа како и што е загадена, и целосна мобилизација на институциите. А кога последен пат работеа чувствата на Филипче за профит, 14 живи изгореа во модуларната болница, направена од вицепремиерот во неговата влада и десетици илјади умираа од корона, додека Венко договараше приватни провизии за набавка на кинески вакцини.
А ако имаше достоинство, Филипче немаше ниту да ја прифати улогата на маскота на партијата и чувар на тронот на криминалецот Зоран Заев.
