Амбасадорот на САД во Германија повторно имсе закани со санкции на компаниите од „Северен поток 2“

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, повторно ги предупреди германските компании вклучени во изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ дека може да се соочат со рестриктивни мерки ако останат посветени на руско-европскиот проект, пренесува „Спутник“.

„Од американска гледна точка, овој гасовод не само што пренесува гас, туку исто така има висок ризик за санкционирање”, рече Гренел во интервју за германски „Фокус”.

Забелешките доаѓаат откако Гренел, наводно, испратил предупредувачки писма до германските компании во средината на јануари поради нивното учество во проектот. Тој побарал тие да ги анализираат опасноста што тој ја претставува за европската енергетска безбедност и трошоците и ризиците од санкции.

Во тоа време, и конзервативните и левичарските германски политичари едногласно ги критикуваа забелешките на Гренел, а руското МНР го обвини за обид да ги исплаши германските фирми кои работат на „Северен поток 2“.

Во меѓувреме, Анегрет Крамп- Каренбауер, новиот лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Германија, ја истакна својата поддршка за проектот без оглед на се. Нејзината изјава дојде неколку дена откако Мануела Швесиг, министер-претседател на германската држава Мекленбург-Западна Померанија, ја критикуваше неодамнешната изјава на лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, кандидат за претседател на Европската комисија, дека ќе да се потруди да ја блокира изградбата на гасоводот ако ја преземе функцијата.

Претходно, еврокомесарот за буџет и човечки ресурси, Гинтер Отингер, во интервју за германската медиумска група „Функе” рече дека изградбата на „Северен поток 2“ е веќе незапирлива во сегашната фаза бидејќи е речиси завршена.

Германија се соочува со притисок од САД и некои земји-членки на ЕУ поради поддршката за „Северен поток 2“ за кој Вашингтон тврди дека ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. Германските власти, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел, постојано го бранеа проектот за гасоводот, велејќи дека тој е во интерес на блокот и дека не ја компромитира енергетската безбедност на ЕУ или Германија

Одговарајќи на повиците на американскиот претседател Доналд Трамп кон Берлин да ја прекинат соработката со Москва на инвестицијата вредна 11 милијарди долари, рускиот претседател Владимир Путин посочи дека Трамп сака да ја принуди Русија да излезе од европскиот енергетски пазар за да може САД да продаваат повеќе течен природен гас во Европа.

„Северен поток 2“ е заедничко вложување на рускиот „Газпром“, германскиот “Унипер” и „Винтершел”, францускиот „Енжи”, австрискиот ОМВ и англо-холандската „Ројал дач шел“. Проектот треба да биде завршен пред крајот на 2019 година и предвидува изградба на гасовод кој ќе се протега од Русија, низ Балтичкото Море до центар во Германија, заобиколувајќи ја Украина.

Треба да знаете
Последни објави