Skip to main content
Свет

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман

19/07/2026  15:01

Меѓународниот аеродром и пристаништето во јужниот јордански град Акаба се евакуирани поради „конкретна и веродостојна закана“, соопшти Американската амбасада во Аман.

„Им советуваме на сите Американци да се воздржат од патување до аеродромот или пристаништето. Продолжете да ги следите сите безбедносни директиви од јорданските власти“, соопшти Амбасадата, без да даде дополнителни детали.

Јорданските власти сè уште не издале соопштение во врска со тоа прашање.