Skip to main content
Македонија

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

17/07/2026  23:42

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво Фест во Прилеп, каде што се сретна и разговараше со голем број граѓани во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија.

За својата посета на најголемата летна манифестација во Прилеп, Мицкоски информираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека претходно присуствувал и на одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

„По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија“, напиша Мицкоски.

Тој истакна дека ваквите манифестации претставуваат потврда за значењето на заедништвото, непосредната комуникација со граѓаните и поддршката на локалните настани, кои, како што наведе, се важен дел од животот на секоја заедница.

Пиво Фест и годинава привлече голем број посетители од земјата и регионот, а фестивалот традиционално е препознатлив по богатата музичка програма и промоцијата на прилепската традиција и гастрономија.