
Американските вооружени сили денеска соопштија дека ја уништиле набљудувачката кула во пристаништето „Шахид Калантари“ во иранскиот град Чабахар.
Во објава на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс се наведува дека кулата била дел од иранската мрежа за надзор во Оманскиот Залив.
Според ЦЕНТКОМ, преку овој објект Корпусот на Исламската револуционерна гарда следел и изведувал напади врз трговски бродови што пловат низ Ормуската Теснина.
