Skip to main content
Хроника

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож

16/07/2026  10:18

На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се дал во бегство кон Скопје.

Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и возилото е запрено, а лицето лишено од слобода. При тоа, извршен е преглед на теренот и пронајдена е кеса со марихуана, а во возилото е пронајден џебен нож. Р.Е. пријавил и дека додека бегал, фрлил кеса во која имало два пиштола. Р.Е. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.