Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

15/07/2026  09:36

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Два дена по ред, Париз беше центарот на европските дипломатски случувања. Не случајно. По повод 14 Јули, Националниот ден на Франција, претседателот Емануел Макрон во француската престолнина собра десетици високи европски државници, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Северна Македонија на овој исклучително значаен настан ја претставуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.

На покана на претседателот Макрон, првиот заменик-претседател на Владата учествуваше на состанокот на Коалицијата на подготвените, на официјалната вечера во Елисејската палата, како и на свеченостите по повод 14 Јули, кои кулминираа со величествената воена парада на Шанзелизе.

Во текот на два дена, Париз беше местото каде што се разговараше за безбедноста и иднината на Европа.  Фактот што Северна Македонија беше претставена од првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, сведочи за сѐ поактивната улога на нашата држава во важните меѓународни процеси и ја зајакнува нејзината позиција на европската сцена.