Skip to main content
Македонија

Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

14/07/2026  19:08

Евидентирани се вкупно девет пожари на отворен простор во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Едниот сѐ уште активен е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот пожар е на територијата на село Гарани, општина Кичево, каде што се опожарени ниска вегетација и стрништа.

Под контрола е пожарот во општина Ново Село, во регионот на село Мокриево, каде опожарена е ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Гази Баба, Гостивар, Кочани, Теарце, Чешиново – Облешево и Шуто Оризари.