Skip to main content
Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

13/07/2026  08:04

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.