
Соопштение на СДСМ
Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори
Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, економијата е во колапс, а повеќе не може да се задолжува за финансирање на криминалните тендери на својата група.
Кога ќе му се затвори просторот за нови задолжувања, ќе мора да распише избори.
Но, за да не признае дека нема пари и дека ја уништил економијата на земјата, ќе бара алиби од опозицијата.
Најверојатно ќе ја искористи темата – Европска унија, како главен изговор.
Мицкоски веќе со месеци ја запира европската интеграција. Ветената реформска агенда до 1 јуни повеќе не се споменува.
Наместо да ги исполни реформите кои би отвориле пат кон Европа, тој чека „покана од Европа“ и порачува „збогум Европо“.
Во реалноста, не сака да ги спроведе реформите затоа што тие носат независно правосудство и одговорност за кражбата на парите на граѓаните преку наместени тендери.
Ќе се врати на старата националистичка и популистичка реторика. Ќе се претстави како „патриот“ кој „не отстапува ни милиметар“ од националниот идентитет, додека СДСМ ќе ја обвинува дека е готова да го продаде идентитетот за европски фондови.
Оваа теза ќе му биде централна во кампањата.
Во исто време, речиси целата влада, министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства и европски пасоши. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе, додека граѓаните чекаат со чаови на граница.
Лажниот патриотизам падна во вода и стана јасен на сите.
Паралелно се подготвуваат и техничките услови за избори.
Мицкоски на сила ја укина техничката влада, а сега се обидува да го протурка Изборниот законик кој овозможува неконтролирано гласање на дијаспората, без соодветни механизми за контрола.
Ботовите на социјалните мрежи веќе повикуваат на избори. Преку Латас и Ивона се води силна анти-европска кампања со цел развивање на евроскептицизам.
Во исто време, Мицкоски веќе осум месеци работи на создавање на платформи и сателитски партии за да го уситни опозицискиот глас, бидејќи ЗНАМ повеќе не му служи, не може да го помине цензусот.
Надворешниот притисок е исто така очигледен. Големиот брат Вучиќ најави избори во Србија, а Мицкоски мора да го следи. По падот на Орбан, не смее да ризикува и Вучиќ да падне, бидејќи целиот бизнис (Алта банка) и анти-европската агенда се врзани за него.
Медиумите на Орбан во служба на ВМРО-ОКГ се под истрага во Унгарија, а во Македонија се префрлаат сопствеништвата.
Криминална група ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги.
Дојде на власт со лаги, владее со лаги, тоа им стана јасно на сите.
Народот веќе не е наивен.
Сите знаат дека изборот не е помеѓу „патриоти“ и „предавници“, туку помеѓу продолжување на изолацијата и криминалот или враќање на европскиот пат.
Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи.

