Кијану Ривс е ново заштитно лице на „Ив Сен Лоран“

Модната куќа „Ив Сен Лоран“ го избра холивудскиот актер Кијану Ривс за свое ново заштитно лице. Овој избор изненади многумина, а светските медиуми пишуваат дека уште поголемо изненадување е што 54-годишниот актер, кој не сака да се експонира во јавноста, прифатил да биде модел на светскиот бренд.

„Ова е најдобриот чекор што брендот го направил во последно време“, пишуваат модните критичари.

На првите фотографии Кијану позира во кожена јакна и во костум, а имиџот му е ист – долга коса и брада.

Ни актерот ни од модниот бренд засега не откриваат дали ова ќе биде единствениот моден ангажман на Кијану, или тој подолго време ќе работи за „Ив Сен Лоран“.

Треба да знаете
Последни објави