
Изјава на Симона Цветановски, членка на ИО на СДСМ
Владата на Мицкоски ги излажа и ги изигра сточарите – субвенциите се уште не им ги исплати.
Законскиот рок за исплата на субвенциите за сточарите беше до 30 јуни – сточарите се уште немаат пари на сметките.
Власта остана глува и на протестот на сточарите во Битола. Ниту ги слушна нивните барања, ниту понуди решение.
Прво им ги намалија субвенциите за грло добиток од 12.000 на само 8.000 денари.
Сега и тие намалени намалени субвенции, што законски им следуваат, не им ги исплатија навреме.
Во исто време, откупната цена на млекото е понижувачка, што не ги покрива ниту основните производствени трошоци.
Производните трошоци секојдневно растат. Поскапуваат горивото, сточната храна, репроматеријалите и сите трошоци за производство
Сточарите се во безизлезна, тешка состојба, оставени сами, без никаква поддршка од оваа Влада.
Голем број размислуваат да ги затворат фармите затоа што повеќе не можат да го издржат финансискиот товар.
Две години истата приказна, истите лаги од ВМРО.
Ветуваа поголеми субвенции, сигурен откуп, повисоки приходи и грижа за земјоделското производство. Ништо не исполнија. Една голема НУЛА!
Субвенциите доцнат, откупните цени се понижувачки, а производството секој ден станува се понеисплатливо.
Вкупниот буџет за субвенции е намален за околу 40 милиони евра
По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромашни и понижи земјоделците.
СДСМ бара Владата веднаш да ги исплати сите заостанати субвенции за сточарите.
Нема земјоделска гранка што не е погодена од неспособноста на оваа расипничка влада. Мицкоски секаде донесоа хаос.
Со нашите амандмани бараме 250 милиони евра за зголемување на парите во Интервентниот фонд. Бараме повеќе пари за финансиска поддршка на млади земјоделци и на жени земјоделки.
Земјоделците заслужуваат сигурност, достоинствен приход, институции што ќе работат во нивен интерес, а не Влада која ги остави сами да се борат за опстанок.

