
Пожар избувнал во рафинерија за нафта во рускиот Краснодарски крај, откако врз неа паднал дрон, но нема повредени лица, соопшти регионалниот оперативен штаб.
Станува збор за рафинеријата во Илска, во Северскиот округ, што била опожарена откако врз инсталации на комплексот паднале остатоци од соборено беспилотно летало.
Регионалните власти наведуваат дека, според првичните информации, нема жртви.
Делови од дрон паднале и во двор на приватна куќа, како и врз објект на едно претпријатие во населеното место Северскаја, при што исто така нема повредени. Според руските медиуми, надлежните служби интервенирале на местото на настанот.


