
Единаесетгодишно дете од тетовското село Сараќино било каснато од куче додека се движело низ селото, информираат од полицијата.
Според информациите од СВР Тетово, на 2 јули околу 00:20 часот, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер, околу 22:30 часот, нејзиниот 11-годишен син бил нападнат од куче пред куќа на жител на селото.
Како што е наведено во пријавата, кучето било без надзор и не било соодветно врзано, при што детето се здобило со повреда на десната потколеница.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

