Ѓоковиќ: Публиката го сврте мечот во полза на Надал

Дуелот меѓу лутите ривал Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во четвртфиналето на тенискиот гренд-слем турнир  „Ролан Гарос“ понуди уште една интересна приказна кој на црвеницата во Париз ги воодушевуваше гледачите четири часа. Победи Надал со 3:1 во сетови и во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев.

По поразот од „кралот на земјената подлога“, шпрвиот светски тениски рекет Ѓоковиќ ја најде причината за поразот.

-Тешко е да се одбере еден елемент кој го одлучи мечот. Веројатно е мојот бекхенд кој не ми послужи, направив многу грешки. Рафа тоа го искористи, ми сервираше најмногу на бекхенд. Иако вметнав ритерн, тие моменти траеја кратко, за да можам да го дикритрам темпото од средината на теренот. Сепак, сметам дека публиката го сврте мечот, таа беше 99,9% на негова страна. Го кренаа во тие моменти кога требаше. Штета. Ова беше одличен меч, големо значење, свесен сум за тоа и секако дека разочарувањето е секогаш големо кога ќе загубиш од најголемиот ривал. Нормално е после ваков меч да се биде разочаран и лут, но од друга страна треба да се прифати поразот. Ова не е ниту прв ниту последен пораз во мојата кариера, рече Ѓоковиќ

Треба да знаете
Последни објави