Skip to main content
Македонија

Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Коневски ќе ја предводи УМС

30/06/2026  21:48

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролката на Владата, Марија Митева, е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на партијата.

По изборот, Митева преку објава на социјалните мрежи се заблагодари за укажаната доверба и порача дека ќе биде претседателка која ќе ги слуша членовите, ќе обединува и ќе работи во интерес на организацијата.

„Ќе бидам претседателка која ќе слуша, ќе обединува и ќе работи. Водена сум од убедувањето дека најголемите промени не започнуваат кога некој ќе ни даде можност, туку кога ќе ја прифатиме одговорноста што таа можност ја носи“, напиша Митева.

Таа им се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на Извршниот комитет за довербата да ја предводи Унијата на жени.

На истата седница, за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е избран Тодор Коневски, кој доаѓа на местото на Сергеј Попов.

Со овие одлуки, ВМРО-ДПМНЕ ги заокружи кадровските промени во двете значајни партиски структури – Унијата на жени и Унијата на млади сили.