Skip to main content
Македонија

Портокалов аларм за високи температури, следуваат пеколни два дена

28/06/2026  16:24

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево активираше жолт и портокалов степен на алармирање за територијата на целата држава поради значителното покачување на температурите што се очекува во следните два дена.

Според официјалните метеоролошки карти, топлотниот бран ќе го достигне својот максимум на крајот на јуни, кога во повеќе градови низ земјава се очекуваат исклучително високи температури.

„МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за високи температури за ден 29 и 30.06.2026!“, соопштија од УХМР.

Алармот се однесува за понеделник и вторник, кога термометрите ќе покажуваат вредности значително над просекот за овој период од годината. Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности и особено да внимаваат на здравјето на децата, повозрасните лица и хронично болните.