
На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка” во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото.
По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што одземени му се возачките и сообраќајни документи и е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
