Skip to main content
Македонија

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ

24/06/2026  16:37

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жителка на Крива Паланка, која е осомничена дека со закани и физичко попречување се обидела да спречи службени лица во извршување на нивните работни обврски.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека против Ј.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 20 мај годинава на локалитетот „Калин Камен“ во селото Кркља, во кривопаланечкиот регион.

Пријавената најпрво упатила закани кон вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство, а потоа, користејќи тврд предмет, се обидела да ги спречи во спроведувањето на службените активности на терен.

По преземените мерки и целосното документирање на случајот, СВР Куманово доставило кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, кое ќе постапува понатаму согласно законските процедури.

Случајот е поврзан со службени активности на Агенцијата за храна и ветеринарство во кривопаланечкиот регион.