Skip to main content
Хроника

Двајца турски државјани уапсени на ГП Деве Баир

24/06/2026  14:12

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Х.Х.(47) и М.Ч.(46), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „фалсификување на исправа”.

При пасошка контрола и гранични проверки на Граничен премин Деве Баир, пријавените на увид приложиле фалсификувани зелени карти за товарните возила со полуприколки, кои ги управувале.