Skip to main content
Хроника

Вчера уапсени 20 возачи низ Македонија

21/06/2026  17:53

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол.

Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две лица во Гостивар и по едно лице во општина Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.