Skip to main content
Хроника

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

20/06/2026  15:35

Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Осум лица од повредените се задржани на Одделот за хирургија на Клиничката болница во Штип, а две се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди.  

Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари вчеравечер околу 21 часот извлекувале повредени од возилата, по што тие биле преземени од Итната медицинска помош.

Се очекуваат официјални информации и од Министерството за внатрешни работи.