
На 19.06.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски” во Скопје е случена сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(31) од Скопје и мотоцикл „хонда” со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(41) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

