
Соопштение за јавност на СДСМ:
Сите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО.
Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси.
Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи.
Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници.
Остана само Максо да го „одработи” авансот што го доби од Мицкоски.
ЗНАМ не е политичка партија. ЗНАМ е сте сателит на ВМРО, здружение создадено и финансирано од страна на Христијан Мицкоски за да му обезбеди разбивање на единствената опозиција, да ги збуни гласачите и во последните две години да плука по опозицијата.
Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб”.
Сега, кога партијата ви се распаѓа и граѓаните кои ви веруваа се измамени, останува само прашањето:
Кога ќе се огласи Обвинителството по пријавата за тендерите во Пошта?

