
Селекцијата на Австрија со 3:1 го совлада дебитантот Јордан во првото коло во Ј групата.
Австрија поведе во 20та минута со голот на Шмид. Во второто полувреме, Јордан израмни на 1:1 во 50 минута со голот на Олван.
Во 76тата минута Аларб си даде автогол и Австрија поведе со 2:1. Конечниот резутат го постави Марко Арнаутовиќ со гол од пенал во судиските продолженија.
Претходно, во истата група Аргентина го победи Алжир со 3:0 а сите погодоци ги постигна легендата Лионел Меси, за прв хет-трик на првенството.

