
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот на младинците во Ваташа, каде порача дека трагичниот настан е потсетник за последиците од политиките на омраза и поделби.
„Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии. Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат од ужасите на Втората светска војна“, изјави Филипче.



