Skip to main content
Македонија

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

16/06/2026  11:36

Прес конференција, Кристијан Дојчиновски, СДСМ

Досега Антикорипцискиот тим на СДСМ има објавено тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Едни исти омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините под контрола на ВМРО.

Ленди Груп за само две години добила 74 тендери, Пирамид Билдинг Солушнс добила 51 тендер, Масев дури 93 тендери.

Станува збор за повеќе од 200 тендери доделени на само на 3 омилени фирми на власта.

Оваа шема е надградена. Зад секој нивни тендер што го добиле речиси секогаш се појавуваат истите фирми за проектирање и надзор: МГ Проект и МБМ Архитекти.

Дали е сето ова случајно?

Секако дека не е случајно. Се е бизнис за Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Колку уште докази треба да се објават за конечно да започне истрага Јавното обвинителство?

Како тоа едни исти фирми добиваат тендери, како едни исти фирми добиваат надзор и проектирање а никој не презема ништо?

Станува збор за 100 милиони евра, пари на граѓаните.

СДСМ нема да запре. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите тендерски шеми, сите злоупотреби и сите сомнежи за корупција.

Ги повикуваме и граѓаните да продолжат да пријавуваат криминал, корупција и злоупотреби на дигиталната платформа www.micko.mk.

Заедно се бориме против корупцијата и криминалот.

Да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Сите ќе одговараат, од прв до последен!