
Полицијата трага по непознато лице кое денеска се обидело да запали возила на Бугарската амбасада во центарот на Скопје.
Според првичните информации, напаѓачот полил и запалил едно возило „Сузуки Витара“, по што огнот зафатил и друго возило паркирано во непосредна близина. По инцидентот, лицето избегало од местото на настанот.
Полициски екипи го обезбедуваат просторот околу амбасадата, додека други единици преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое се сомничи дека го предизвикало пожарот.
Засега нема информации за повредени лица, ниту официјални детали за мотивите за нападот. Надлежните служби треба да утврдат дали станува збор за изолиран инцидент, намерно предизвикан пожар или дејствие со поширока безбедносна и политичка позадина.


