Skip to main content
Македонија

Изгаснат пожарот во штипско, го подметнале две лица

15/06/2026  10:36

РЦУК – Штип, известува дека ТППЕ-Штип во 15:05 часот, добиена е пријава за пожар во атарот на с. Долани, Општина Штип, зафатена голема површина каде што горело сува трева стрниште и нискостеблеста шума.На терен биле излезени ТППЕ-Штип со 4 ПП возила и 15 пожарникари, од ДПД-Штип 2 возила и 6 доброволци , 1 скип од ЈП Стипион Штип, 4 трактори кои направиле појас пожарот да не се движи кон селото, од ТППЕ-Радовиш 1 возио и оператор на дрон, имало подршка од ваздух при што авион на ДЗС имало две празнења на вода.

На терен имало и екипа од полиција Штип. По сведочењата од страна на еден селанец кој се здобил со лесни телесни повреди при обид за гаснење пожарот бил подметнат од две непознати лица кои побегнале.

Во 20:30 часот пожарот е изгаснат во целост , сите учесници се повлечени од терен.